Во Италија се помалку заболени и починати од ковид-19


Во последните 24 часа во Италија забележан е најмал број новозаразени од ковид-19 во последните неколку седмици – само 1.083 нови случаи.

Освен тоа, забалежан е пад и на бројот починати и луѓе во болница, како и помалку пациенти на интензивна и на куќно лечење.

На интензивна денеска се 1.034 лица, што е за 134 случаи помалку од вчера. Забележан е и пад на хоспитализираните 13.834, што е за 802 помалку од вчера.

Во куќна изолација се 2.183 луѓе помалку од последните извештаи вчера, па сега вкупно се 69.974 во самоизолација.

Бројот на починати во последните 24 часа е 194, со што вкупниот број се зголеми на 30.395. Бројот на оздравени е 103.031, затоа што во последните 24 часа се зголеми за 4.008.