Во Италија рекордни 31.084 новозаразени, 199 починати

Италија регистрира рекордни 31.084 нови случаи на корона вирус во изминатите 24 часа, а 199 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е најголемо зголемување на бројот на случаи од почетокот на здравствената криза и повисоко од претходниот рекорд од 26.831 случај регистрирани вчера.

Бројот на смртни случаи е помал од вчера, кога беа регистрирани 217 жртви од Ковид-19.