Во Италија рекорден број заразени со коронавирус, 37.809 за еден ден

Во Италија се регистрирани 37.809 нови случаи на коронавирус, што претставува најголем број за еден ден, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 3.000 случаи повеќе од вчера, кога имаше 34.505 нови случаи, пишува Гардијан.

Министерството посочи дека починати се уште 446 лица.

Вкупно 40.638 лица починаа во Италија како резултат на инфекцијата со коронавирусот, а вкупно 862.681 лице се зарази.

Најпогодена е северната област Ломбардија, каде најголем економски центар е Милано, со регистрирани 9.934 случаи на Ковид-19 (вчера 8.822 нови случаи).