Во Италија приведени 28 членови на мафијашкиот клан Сенесе


Италијанската полиција денеска уапси 28 лица осомничени дека се членови на кланот Сенесе, кој дејствува во Рим, во рамки на Камора.

Рациите, рано изутрина, биле извршени во провинциите Рим, Неапол, Верона, Фросиноне и Аквила, јави АНСА. Повеќе од 200 полициски и финансиски службеници учествуваа во операцијата.

Приведените се товарат за изнуда, измама, криминален трансфер на добра и имот, перење пари и повторна употреба на криминално стекнати профити. Во операцијата е одземен имот вреден 15 милиони евра. Полицијата соопшти дека тие го обезглавувале раководството на кланот на Сенесе.

Во налозите за апсење беа шефот на кланот Микеле Сенесе, кој во моментов е во затвор за убиство од 2001 година, неговиот брат Анџело Сенесе, неговиот син Винченцо и неговата сопруга Рафаела Гаглионе. Сите тие се обвинети за употреба на мафијашки методи за мафијата да навлезе во економијата на Рим.