Во Италија повеќе новозаразени од вчера, но помалку починати


Италија се ближи кон бројот од 30.000 починати од ковид-19, но ситуацијата е драстично подобра отколку во минатиот период.

Денеска се забележани 269 смртни случаи, а вчера тој број беше 285.

Потврдени се и нови 1.965 заразени, додека претходниот ден имаше 1.872 новозаразени.

Вкупниот број починати од корона вирус е 28.236 лица, а Италија по бројот на смртни случаи е втора во светот по САД, пренесува Ројтерс.

Вкупниот број потврдени случаи до сега е 207.428, а земјата е трета во светот по борјот на заразени по САД и Шпанија.