Во Италија пак расте бројот на починати – денеска 78


Луѓе се шетаат на „Пјаца дел пополо“ во Рим откако Италија ги овори границите за европските земји (Фото: Ројтерс)

Рим – Смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во Италија се искачија за 78 во саботата, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, додека бројот на нови случаи се зголеми за 346.

Вкупниот број на загинати од избувнувањето на заразата на 21 февруари, сега изнесува 34.301, соопшти агенцијата, четврти највисок во светот по оние на САД, Велика Британија и Бразил.

Бројот на потврдени случаи изнесува 236.651, што е седмото глобално ниво зад оние на САД, Русија, Бразил, Шпанија, Велика Британија и Индија.

Северниот регион Ломбардија, каде за прв пат е идентификуван епидемијата, и понатаму е најтешко погоден од 20-те региони на Италија, каде има 210 од 346 нови случаи пријавени во саботата.

Луѓето регистрирани кои во моментов се уште болни паднаа на 27.485 од 28.997 претходниот ден.

Имаше 220 лица на интензивна нега во саботата, што е намалување од 227 во петокот, продолжувајќи го. Бројот на излечени изнесува 174.865 с наспроти 173.085 ден порано.

Агенцијата соопшти дека 2,8 милиони луѓе се тестирани досега од население од 60 милиони. (Ројтерс)