Во Италија нови 756 смртни случаи, новозаболени се повеќе од 5.000


Бројот на жртви од корона вирусот во Италија во последните 24 часа изнесува 756, а нови случаи има помалку отколку вчера – 5.217.

Сепак и бројот на излечени е помал – 646, пренесуваат италијанските медиуми.
Ваквите податоци покажуваат дека во Италија бројот на заразени не се намали и во моментот има 3815, што е за 150 лица повеќе од вчера.
Во последните 24 часа од корона вирус само во Ломбардија заразени се  1.592 луѓе, а умреа 416 пациенти. Па според тоа, во Ломбардија бројот на смртни случаи порасна на 6.360.
Бројот на заразени луѓе во Милано и во општините на покраината порасна па во Милано има 546 случаи повеќе од вчера.