Во Италија двојно помалку жртви од вчера, но без Ломбардија


Во Италија во последните 24 часа од корона вирус починале 50 пациенти, што е значително помалку од вчера кога имаше 119 смртни случаи.

Но, како што појаснија од Агенцијата за цивилна заштита, овие податоци не го вклучуваат регионот Ломбардија, кој е најтешко погоден, поради технички проблеми, јави Ројтерс.

Вкупниот број починати достигна 32.785, а во претходните 24 часа регистрирани се нови 531 случај, додека во саботата имаше 669 новозаболени.

Порасна и бројот на оздравени, па до сега во Италија од корона вирус се опоравиле 140.479 луѓе.