Во Италија денеска 604 мртви, но бројот на новозаболени се намалува


Бројот на нови инфекции од корона вирусот во Италија паѓа, денеска имаше 3.039, околу 550 помалку од вчера. Тоа е трет последователен ден на паѓање на новите заболени. Но бројот на оние што се болни, а не само позитивни (хоспитализирани или изолирани дома изолирани) падна под илјада, 880 за еден ден. Ова значи дека има 78 помалку пациенти примени на обичните одделенија за Ковид-19 и 106 пациенти на интензивна нега. Бројот на излечените, исто така, се зголемува. Денес топј изнесуваше 1.555 на ден и нивниот вкупен број е над 24 илјади.

Сè уште има многу смртни случаи, 604 за еден ден, што е вкупно 17.127 од почетокот на епидемијата. Но, дури и во овој случај, податоците паѓаат два дена. Вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата е 135.586 и во нив се пресметани и починатите и излекуваните.