Во Италија денес има помалку новозаразени, но бројката на починати пак е над 600


Падот на хоспитализацијата на болните од корона вирус во Италија продолжува, има помалку нови случаи (но исто така се направени и помалку тестирања), но бројот на починатите останува преголем: во последните 24 часа животот го загубија 602 лица (вчера имаше 566 жртви), достигнувајќи вкупно 21.067 смртни случаи. Денешниот билтен од Италија е повторно драматичен по забавувањето изминатите неколку дена и се врати на нивоата од последните неколку недели.

Податоците во новиот билтен на Цивилната заштита известуваат за пад на хоспитализирани лица. Во интензивна нега денес имаше 3.186 лица, 74 помалку од вчера. Дури 28.011 лица сѐ уште се хоспитализирани со симптоми, 12 помалку од вчера.

Новите инфекции се спуштија под три илјади, 2.972, што е за 181 помалку од вчера. Во денешниот список се наоѓаат и четири жртви од медицинскиот персонал. Така, вкупниот број на смртни случаи во бели мантили се искачи на 116. Почина и еден фармацевт. Со тоа бројот на фармацевти што починале од почетокот на епидемијата е осум.

Бројката на излечени достигна 37.130, денеска беа 1.695 лица (а 1.224 беа вчера).