Во Италија бројот на починатите падна под 300


Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија и понатаму паѓа – и овој пат значително – денес има 260 жртви, 155 помалку од вчера. Никогаш немало помалку од 300 починати од 15 март. Еден месец и 10 дена подоцна Италија се враќа надолу со надеж дека тој пад во наредниот период ќе биде побрз. Бројот на излечените е околу 1.800.

Но повторно почна да расте бројката на новоинфицираните, денеска изнесува 2.324, што е 256 случаи повеќе од вчера. Дури 40 отсто од новите случаи се во Ломбардија. Вкупниот број на инфицирани од корона вирусот се доболижува до 200 илјади, а целосно излечени се 64.928.