Во Индија приближно три милиони луѓе заразени со Ковид-19


За еден ден во Индија регистрирани се речиси 70.000 новозаболени со Ковид-19, што е највисока бројка на дневно ниво.

Со тоа вкупната бројка на инфицирани се доближи до три милиони луѓе. Покрај познатите жаришта, болеста почна да се шири и во јужниот дел на Индија.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 69.878 новозаболени, а вкупната бројка се искачи на 2.975.701 заразени, од кои оздравеле околу 2,2 милиони луѓе.

Индија е на трето место во светот по бројот на заразени, а со 55.794 смртни случаи е на четврото место.