Во Индија падна метеорит колку фудбалска топка

Објект за кој се верува дека е метеорит со големина на фудбалска топка падна во оризово поле во источниот дел на Индија и ги вознемири локалните земјоделци, соопштија денеска локалните власти.

Очевидци велат дека избегале од нивата кога објектот паднал во подрачјето на нивното село, после што почнал да излегува чад.

– Земјоделците работеле во поле во моментот кога оваа тешка карпа паднала од небото со многу силна бучава, изјави Ширсат Капил Ашок, окружен судија во државата Бихар.

Селаните се вратиле кога се расчистил чадот и ја извлекле карпата од кратер кој бил длабок 1,5 метри.

– Утврдивме дека има многу силно магнетно дејство, дека светка и тежи околу 15 килограми, рече Ашок.

Објектот ќе го анализираат научници за да утврдат дали се работи за метеорит. Метеорите се честички прашина или карпи кои обично согоруваат кога поминуваат низ Земјината атмосфера, а оние кои ќе паднат на површината се нарекуваат метеорити.