Во Индија најголем дневен број заразени во последната половина година
Индија регистрира 81.466 нови случаи на зараза со корона вирус, што е највисок дневен број во шест месеци.
Податоците од Министерството за здравство покажаа дека вкупниот број случаи порасана на 12,3 милиони, што Индија ја прави најпогодена земја во зветот по САД и Бразил. Бројот на починати се качи за 469, на 163.396.
Во една сојузна држава повеќе од 43 илјади новозаразени
Стратегијата за вакцинирање е зајакната поради новиот голем број случаи на зараза, а многу држави размислуваат за воведување нови мерки за ограничување за сузбивањето на пандемијата. Махарашстра, западна држава, која досега е најпогодена од заразара, јави денеска за 43.183 нови случаи, што е највисок број од ширењето на пандемијата во индија. Надлежните во државата воведоа ноќен полициски час за викенд, но се размислува и за построги мерки на ограничување, вклучително и затворање на верските места и ограничување на патувањето со возови.
Индија на почетокот на минатата година воведе едни од најострите мерки на затворање, но ги попушти со цел спасување на стопанството, а бројот на случаи постепено паѓаше подоцна во текот на годината. Новиот бран оваа година претставува предизвик за владата која се бори за спроведување на минатогодишните мерки на затоврање.
Бројот на нови зарази расте во сојузните држави Чатишгарх, Карнатака, Пунџаб, Керала, Тамил Наду, и Мадја Прадеш.