„Во името на љубовта“ – концерт на Жељко Самарџиќ на 13 април во Скопје
Во рамки на неговата турнеја „Во името на љубовта“, на 13 април 2024-та година во „Арена Борис Трајковски“, концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ заедно со „Пријателите“.
Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото. Во нив ќе уживаат и девојките, но и повозрасните дами. И оние коишто ќе бидат таму за да танцуваат, но и оние другите, коишто ќе сакаат само да гледаат и пеат.
Помеѓу големите концерти, важните успеси, болните сеќавања, носталгијата, се провлекува една животна приказна преполна со искушенија и музика, преполна со емоции.
„Подгответе се за одлична забава, но и заедно да ја прославиме љубовта!“ – вели Самарџиќ.
Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.