Во Хрватска 828 нови случаи, а 15 пациенти починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 828 случаи со корона вирус, со што бројот на активни изнесува 10.919.
На болничко лекување се 864 пациенти, а 65 на респиратор.
За едно деноноќие починаа 15 лица.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 37.208 заразени, од кои 452 починаа, а оздравеа 25.837.
Тестирани се вкупно 449.541 лица.