Во Хрватска заразените нема да може да гласат


 

Хрватската изборна комисија соопшти дека донеле одлука да се забрани гласање на парламентарните избори за граѓаните на кои им е потврден Ковид-19 во согласност со законот.

Според нив, одлуката е легитимна, затоа што служи за заштита на здравјето на граѓаните од заразни болести.

Комисијата препорача и дека граѓаните во недела наутро треба да измерат температура и доколку имаат повеќе од 37,2 степени или ако имаат респираторни проблеми карактеристични за Ковид-19 треба да се јават кај својот лекар.

„Која и да е друга, поблага мерка со која ќе се обидевме да ја постигнеме целта би го довела здравјето на граѓаните во прашање, и сметаме дека во војов случај не може да се зборува за понизок или повисок степен на штета за граѓаните„, се наведува во одговорот од Комисијата до невладината организација Гонг, која ја довее во прашање уставноста на одлуката да им се забрани да гласаат на граѓаните заразени со вирусот.

Заразените нема да може да глассаат на парламентарните избори затоа што им е изречена мерка за изолација, што вклучува забрана за физички контакт со други лица, вклучително и членовите на бирачките одбори.

Забраната се однесува само на активните случаи.

Целта на препораките на Изборната комисија е да се спречи ширењето на висурот, но тие наидоа на бројни критики заради кршење на изборното право.