Во Хрватска утре конститутивна седница на Саборот


Само 17 денови по изборите, со посебни епидемиолошки мерки и без присуство на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, во Хрватска утре ќе биде конституиран 10. парламентарен состав од независноста на земјата.

Претседател на Саборот повторно ќе биде Гордан Јандроковиќ, кој на таа функција е од мај 2017 година.

Саборот до крајот на неделата треба да ја потврди новата хрватска Влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе има 16 наместо досегашните 20 ресори.

Својата прва конститутивна седница Саборот ќе ја одржи почитувајќи ги епидемиолошките мерки, сите ќе носат заштитни маски, а ќе биде обезбедена и неопходната физичка дистанца.