Во Хрватска уште 956 новозаболени, починаа 22 пацинети


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 956 случаи со корона вирус, а направени се 8.177 тестови. Активни се 6.394.

Од нив 1.029 пациенти се на болничко лекување, а од нив 92 на респиратор.

Во истиот период починаа 22 лица.

Од почетокот на пандемијата досега забележани се 258.745 заразени, оздравеле 246.543, а починаа 5.808. Тестирани се вкупно 1.485.714 лица.