Во Хрватска уште 823 новозаразени, починаа 23 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 823 случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни е 4.792.
Меѓу нив 805 пациенти се на болничко лекување, од кои 69 на респиратор.
Починаа уште 23 пациенти или вкупно досега 5.670.
Вкупно од Ковид-19 во Хрватска се заразиле 250.484 лица, а оздравеле 240.022.
До денеска тестирани се 1.422.558 лица.