Во Хрватска уште 52 починати од Ковид-19, 1.797 новозаразени


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.797 нови случи на зараза со корона вирус, а биле тестирани 9.890. Бројот на активни случаи изнесува 13.330.

Од нив 2.263 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 261 пациент.

Во однос на минатиот вторник денеска има помалку нови случаи, но и помал процент од тестираните. Пред една недела имаше 2.106 нови од 9.831 тестирани.

Починаа уште 52 пациенти со Ковид-19 или вкупно 6.957.

Од почетокот на апндемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеа 324.833 лица, а 304.546 оздравеа.

ДО вчера вакцинирани се 629.108 лица.