Во Хрватска уште 45 жртви на Ковид-19, најмладиот има 23 години


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.339 нови случаи на зараза со корона вирус, а активни се 25.101.

Од нив 2.293 пациенти се на болничко лекување, а на респиртор 330 пациенти.

Починаа 45 лица, од кои најмладиот е на возраст од 23 години, соопшти штабот.

Досега во Хрватска вакцинирани се 60,07 отсто од возрасното население.