Во Хрватска уште 1.254 новозаразени, починаа 39 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.254 нови случаи на зараза со корона вирус, а активни се 15.280.
Од нив 2.288 пациенти се на болничко лекување, а 240 на респиратор.
Починаа уште 39 пациенти од последиците на Ковид-19 или вкупно досега 6.854.
Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска од корона вирус се заразиле 322.626, а оздравеле 300.492.
До денеска тестирани се вкупно 1.759.208 лица, од кои 7.007 во последните 24 часа.
Вакцинирани се 621.077 лица.