Во Хрватска само со потврда дека се тестирани на корона вирус

 

Сите кои ќе сакаат да влезат во Хрватска од сега ќе мора да имаат потврда дека се тестирани на корона вирус.

Ова го кажа директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михањевиќ“, Алемка Маркотиќ, додавајќи дека тестот не смее да биде постар од 24 часа.

„Оние кои ќе сакаат да влезат во Хрватска ќе мора да направат тест PSR во својата земја. Само со таа потврда ќе може да се влезе во Хрватска. Тоа е осигурување“, вели таа на Дневникот на националната телевизија.

Истото го потврди и директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Цапак, гостувајќи на Нова ТВ.

„НИе пред доста време дојдовме на мерка оние кои ќе доаѓаат да мора да одат во самоизолација на 14 дена. Но, се покажа дека оние кои рсаботат во пограничните краеви прашуваа да го прекинат карантинот,и тоа го практикувавме некое време. Но, тоа се покажа комплицирано. Па воведовме да можат да останат 72 часа. За продолжениот викенд во Хрватска влегоа повеќе од 2.000 луѓе. Сега секој ќе мора да има потврда дека направил тест на вирусот и само со помош на таква потврда ќе може да влезе во Хрватска“, рече Цапак.

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош порано кажа дека оние кои влегле во Хрватска за време на продолжениот викенд оствариле контакти и на тој начин придонеле за ширење на вирусот.