Во Хрватска рекордни 357 нови случаи на Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Хрватска забележани се 357 нови случаи на зараза со корона вирус, па бројот на активни случаи денеска изнесува 2.560, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу новозаболените се 212 пациенти на болничко лекување, од кои 11 се на респиратор, а последното деноноќие починаа тројца пациенти.

Во Хрватска вкупно се забележани 9.550 заразени со корона вирус, од кои 180 починаа, а 6.809 оздравеа.

Во самоизолација се 8.780 лица. Тестирани се вкупно 161.701 лица, од кои 2.065 во последните 24 часа.