Во Хрватска регистрирани рекордни 9.058 нови ковид случаи, позитивни 45 отсто од тестираните


Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови позитивни на корона вирусот, најмногу досега. Уделот на позитивни е 45 отсто, односно биле тестирани 19.975 лица.
Хрватските медиуми јавуваат дека неофицијално се споменува и воведување нови мерки.
Инаку, рекордот беше соборен и вчера, кога имаше 8.587 нови случаи на позитивни на корона вирусот.
„Петтиот бран е веќе тука, се спои со четвртиот. Омикрон нема да поштеди никого од нас, вакцинирајте се!“,  изјави вчера министерот за здравство Вили Берош, кој прексиноќа рече дека 30 до 40 отсто позитивни лица може да ја имаат омикрон варијантата на вирусот. Сега тој процент може да биде уште поголем.