Во Хрватска регистриран њујоршки сој од вируот, почина маж на возраст од 40 години
Во Хрватска досега се потврдени 60 случаи од британскиот сој на корона вируст, три од јужноафриканскиот и два случаи од њујоршкиот сој, за кој засега малку се знае, извести во понеделникот директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Мирослав Цапак.
„За њујоршкиот сој, за кој информации се појавија кон крајот на минатата недела, малку се знае, освен дека се шири побрзо и дека во Њујорк брзо се шири“, рече Цапак на прес-конференцијата.
Инаку, во последните 24 часа во Хрватска се забележани 91 нов случај, а бројот на активни случаи изнесува 2.892.
Од нив 791 се лекуваат во болница, а 64 на респиратор. Починаа 11 пациенти. Меѓу нив и маж на возраст од 40 години кој немал други заболувања.
Досега во Хрватска од корона вирус забележани се 243.064 забоелни, починаа 5.537,а оздравеа 234.635 лица.