Во Хрватска продолжува штрајкот на просветните работници


Хрватска– Во Хрватска денеска почнува нова рунда штрајкови во основните и средните училишта, а претставниците на синдикатите ќе се сретнат со министерот за образование Јосип Аладровиќ.

Настава денеска нема да има во Осјечко-баранската и Личко-сењската жупанија, а утре во Приморско-горанската и во Задарската жупанија, додека за среда е најавен штрајк во цела Хрватска и голем протест во Загреб.

Владата веќе понуди вклучува зголемување на платите за шест отсто за сите вработени на кои плата им дава државата, но наставниците и професорите бараат поголеми коефициент и кои би ги изедначиле со останатите од државната служба.

Хрватските наставници во просек имаат плати од 800 до 1000 евра, професорите нешто поголеми, а лидерите на синдикат – 2.300 евра.