Во Хрватска починаа 56, во Словенија 29, а во Бугарија 40 лица
Иако бројот на позитивни тестови во регионот се намалува, бројката на починати никако позначајно да се спушти. Според податоците во последните 24 часа во Хрватска починале 56 лица, во Словенија 29, а во Бугарија 40 души. Во Хрватска има 696 новозаразени, од тестирани 5.611 луѓе. Бројот на активни случаи изнесува 6.444, а вкупната бројка на починати е 4.072. Во болница има 2.453 пациенти, од кои на респиратор се 211.
Во Словенија е објавени бројките за саботата. Таму има 725 нови позитивни случаи, од 2.694 направени тестови. Починаа 29 лица. Со тоа бројот на смртни случаи се зголеми на 2.803. Во болниците се хоспитализирани 1.173 лица, а на интензицвна нега се 190. Во Словенија има активни 19.158 случаи на Ковид-19.
Во Бугарија починаа 40 лица. Има 340 нови случаи од направени 2.562 теста. Вкупниот број на починати е 7.644.