Во Хрватска починаа 50 лица од ковид
Во последните 24 часа регистрирани се 4.159 нови случаи на инфекција со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи е вкупно 32.000. Од нив, 1.848 пациенти се во болница, од кои 248 се на респиратор. Починаа 50 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 501.327 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 9.500 починале.
Вакцинирани се 48,02% од вкупното население и 57,46% од возрасната популација.