Во Хрватска починаа 49 пацеинти со Ковид-19, заразени уште 3.164


Во последните 24 часа во Хрватска има нови 3.164 заразени со корона вирусот, а бројот на активни случаи изнесува 17.814.

Меѓу нив 1.944 се во болница, а 204 на респиратор.

ПОчинаа 49 лица.

ДО денеска се забележани 93.879 заразени, а починаа 1.200, додека 74.865 оздравеле.