Во Хрватска почина трудница со корона, лекарите успеаја да ја породат
Бремена жена на возраст од 32 години, почина синоќа во Вараждин, Хрватска по компликации од корона вирус, но лекарите претходно успеале да ја породат.
Инаку, во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1.396 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 11.033.
Меѓу нив, 2.169 се лекуваат во болница, од кои 259 пациенти се на респиратор.
Починаа уште 46 пациенти или вкупно досега 7.264.
Во Хрватска вкупно од Ковид-19 се заразија 336.918 лица, а оздравеа 318.621.
До денска тестирани се 1.836.108 лица, од кои 9.040 во последните 24 часа.
До 3 мај вакцинирани се 716.861 граѓани.