Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 78 пациенти, новозаболени се 3.363


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 3.363 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 25.035, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив 2.864 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 295 пациенти. Починаа 78 лица.

Досега регистрирани се 175.886 заразени со корона вирус, а починаа 2.640. Оздравеа 148.211 лица, а 3.520 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 59.388 луѓе. До денеска тестирани се 882.282, од кои 9.767 во последните 24 часа.

Од вчера на сила се нови мерки за продавниците и шопинг-центрите. Главно се однесуваат на ограничување на бројот на луѓе во продавниците.