Во Хрватска нови 962 случаи со корона вирус
Во Хрватска, во последните 24 часа забележани се 962 нови случаи на зараза со корона вирус, а активни се 3.981.
Меѓу нив 807 пациенти се на болничко лекување, од кои 82 на респиратор.
Починаа четворица пациенти.
Во Хрватска се одвива и вакцинација, а со денеска се потрошени 273.128 дози вакцина, а вакцинирани се 209.067 лица. Прва доза примиле 145.006 луѓе, а сп две дози вакцинирани се 64.061 луѓе.
ХАЛМЕД досеха примил 1.342 пријави за нуспојави од вакцинацијата. Од нив 974 се однесуваат на вакцините од „Фајзер“, 79 на „Модерна“ и 287 на „АстраЗенека“.