Во Хрватска нови 91 заболени, еден почина


Националниот штаб за цивилна заштита ги објави новите податоци за ширењето на корона вирусот, според кои во 24 часа заблени се нови 91 човек, со што вкупно има 978.

Меѓу нив 100 се болничко лекување, од кои тројца на респиратор.

Њдно лице почина.

Вкупно до сега во Хрватска од почетокот на епидемијата има забележано 3.416 заболени со корона вирус, од кои 115 починаа, а 2.323 оздравеа.

Во самоизолација има 4.410 лица. До денеска тестирани се 89.764 лица, од кои 1.529 во последните 24 часа.

Се уште се чекаат резултатите од тестовите на учесниците на свадбата кај Сплит.

Во последните денови забележани се неколку свадби на кои се шири корона вируст, па се очекува заострување на мерките во врска со вакви настани.