Во Хрватска нови 590 заразени, починаа шест пацинети


 

Во последните 24 часа забележани се 590 нови случаи на зараза со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни изнесува 3.609.

Меѓу нив 744 пациенти се на болничко лекување, а од нив 76 на респиратор.

Починаа уште шест пациенти, или вкупно досега 5.570.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска од Ковид-19 боледуваа 245.462 лица, а оздравеа 236.283.

До денеска тестирани се 1.373.877 лица, од кои 5.429 во последните 24 часа.