Во Хрватска нови 50 заразени, еден починат


 

Националниот штаб за цивилна заштита ги објави најновите податоци за корона вирусот во хрватска. Во последните 24 часа заразени се уште 50 луѓе, а едно лице починало, објави Индекс.

Инаку, утвирнава локалните штабови објавија бројка од околу 80 новозаразени, но се смета дека тие се случаи од вчераната евиденција, а дека дел од нив ќе се најдат во утрешната, затоа што податоците се собираат од 12.45 до 12.45 следниот ден.

Во моментот во хрватска активни се 1.117 случаи, од кои 132 се во болница, и тројца на респиратор.

Вкупно во Хрватска од корона вирус заразени се 3.722, 119 починаа, а 2.486 оздравеа

Во самоизолација се 4.861 лица.

До денеска вкупно се тестирани 93.571 лица, од кои 763 во последните 24 часа.