Во Хрватска нови 4.520 заразени, починаа 69 пациенти

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 4.520 новозаразени со Ковид-19, а бројот на активни изнесува 23.750.

Меѓу нив 2.703 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 280 пациенти.

Починаа 69 пациенти, или вкупно 2.367.

Од почетокот на пандемијата досега од Ковид-19 заболеа 159.372 лица, а оздравеа 133.255.

Вкупно се тестирани 837.619 лица, а во последнто деноноќие 12.596.