Во Хрватска нови 336 заразени, бројот на починати надмина 5.000


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 336 случаи со корона вирус, а бројот на актвни изнесува 2.923, соопшти Националниот штаб.

Меѓу нив 1.275 се во болница, од кои 113 на респиратор.

Починаа 29 лица, или вкупно досега 5.027.

До денеска во Хрватска се забележани 232.426 позитивни на вирусот, а оздравеле 224.476.

Тестирани се вкупно 1.191.125, од кои 5.079 во последните 24 часа.