Во Хрватска нови 165 случаи со корона вирус


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 165 на зараза од корона вирус.

Бројот активни случаи е 2.410, а починаа шест лица, соопшти денеска Националниот штаб на цивилна заштита.

Меѓу заболените има 309 пациенти во болница, од кои 22 на репсиратор пренесе агенцијата Хина.

Од 25 февруари кога беше забележан првиот случај на корона во Хрватска, до денеска се забележани 13.533 заразени, од кои 224 починаа, а 10.899 оздравеа.