Во Хрватска нови 145 заразени, расте бројот и во Словенија


 

Во Хрватска во текот на последните 24 часа забележани се 145 нови случаи со корона вирус.

Во соседна Словенија пак денеска се забележани нови 41 случај со Ковид-19.

Бројот на активни лсучиа во Хрватска денеска изнесува 2.492, пренесе Индекс, а почина и еден пациент.

На болничко лекување се 258 пациенти од кои 14 на респиратор.

До денеска во Хрватска од корона вирус заблеа 10.414 лица, а починаа 187, додека 7.735 оздравеа.

Владата на Слобенија пак извести дека со корона вирус заразени се речиси 3.000 луѓе, односно 2.924, од кои 468 се активни.