Во Хрватска миленичињата имаат можност да јадат сладолед и да пијат пиво на плажите за кучиња


Доколку имате кучиња како домашни миленици и сакате да ги однесете на море, некои плажи во Хрватска би можеле да бидат вистински мал рај за вашите четириножни миленичиња.

Имено, некои плажи во Хрватска, освен што се наменети за кучињата и нивните сопственици, им овозможуваат на  милениците да уживаат во различни вкусови сладолед и пиво, како и некои други десерти, кои се направени според состојките што им се дозволени да ги јадат.

Тоа се плажите за кучиња Хидробаза во Пула и Подворска во Цриквеница. Неодамна беше отворен барот на плажа за кучиња во Пула, кој веќе собра бројни сопственици на домашни миленици од регионот, но и од Европа.

На плажата Цриквеница веќе неколку сезони постои шанк за кучиња. Како што вели сопственикот на локалот за RTL Direkt, кучињата имаат можност да пијат пиво на база на говедско или пилешка супа, кое чини пет евра.

Вработените наведуваат дека имаат и сладоледи од банани и шумски плодови со козјо млеко и овесни снегулки кои чинат 2,5 евра и наведуваат дека подеднакво добро се продаваат сите вкусови.

Но, ова не се единствените плажи за кучиња, има голем број на таканаречени плажи погодни за кучиња, како што се плажите Премантура во кампот Ступице, лоциран на полуостровот Камењак во Истра, плажата Вела Башка на Крк, плажата Монти на Артиќ на Раб и други.