Во Хрватска лебот и житарките поскапи од Германија


Евростат објави податоци за цените на лебот и житарките на Стариот континент во 2019 година.

Објавени се и податоци за одделни земји кои не се членки на Европската унија.

Земјата на ЕУ каде лебот и житарките се најскапи е Данска, додека тие се најевтини во Романија. Кога се земат предвид земјите што не се членки на Унијата, Швајцарците плаќаат најмногу за леб и житарици, повеќе од Данците.

Во Хрватска овие намирници беа поскапи лани отколку во Словенија, Германија, Естонија, Португалија, Словачка, Холандија, Латвија, Литванија, Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија и Романија. Освен во Данска и Швајцарија, цените на лебот и житарките беа екстремно високи во Норвешка, Австрија, Луксембург и Исланд. Малку поскап леб и житарки отколку во Романија имаше во Бугарија, Полска и Унгарија.