Во Хрватска лани се вработиле 13.412 работници од Македонија


Минатата година хрватското Министерство за внатрешни работи издало 172.499 дозволи за престој и работа, од кои 112.981 се издадени за нови вработувања, што значи дека Хрватска во 2023 година примила толку нови странски работници на постојан работен однос. Од вкупниот број, 40.660 биле за продолжување на дозволите, а имало 18.858 сезонски работници.

Податоците од полицијата покажуваат дека најголем број странски работници, од нив 68.912 се вработени во градежниот сектор. Потоа следат туризмот и угостителството, каде лани биле вработени 45.868 странци, индустрискиот сектор примил 24.034, транспортот и врските 11.497, а трговскиот сектор 5.126 странски работници.

Што се однесува до потеклото на странските работници во Хрватска, во 2023 година најмногу се од БиХ, 38.236 од нив, а потоа следи Србија, од каде се вработиле 24.028 лица. Министерството за внатрешни работи ги објави само првите 10 земји од кои дошле најмногу луѓе, па на трето место е Непал, од кој дошле 23.493 работници, 15.627 се од Индија, 13.412 од Северна Македонија, 10.999 од Филипините, 9.922 од Косово, 8.749 од Бангладеш, 5.067 од Турција и 4.244 од Албанија.

Најмногу нови странски работници пристигнале во градот Загреб.