Во Хрватска короната излезе од контрола, големи редици за вакцинирање
Во Хрватска секој ден е сѐ полошо и полошо со ширењето на корона вирусот во четвртиот бран. Во последните 24 часа починаа 26 лица, од кои петмина имале примено две дози на вакцината, а едно е со една доза.
Изминатиот ден позитивен тест добиле 4.392 луѓе од 12.207, што се огромни 36 отсто од примероците. Само пред една нела бројот на позитивни беше за 1.100 помалку.
Ова распламтување на епидемијата предизика да се зголеми интересот за вакцинирање и на многу места во државата, особено во Загреб, да се создадат големи редици од луѓе кои сакаат да примат вакцина. Вчера биле администрирани 13.293 дози, од нив дури 3.472 ја примиле третата бустер доза.
Здравствените власти денеска изјавија дека сето ова е резултат на непридржувањето кон мерките за време на летото, кога бројот на инфекциите беше мал, но данокот дојде два месеци подоцна. Од владата велат дека не размислуваат за нов локдаун, но дека се разгледуваат опциите за проширување на употребата на ковид сертификатите.