Во Хрватска и во Словенија нема ни еден новозаразен и нема смртни случаи


Во Хрватска и во Словенија во последните 24 часа нема регистрирани нови заболени од Ковид-19, а нема ни починати, соопштија надлежните од овие две балкански земји.

Во Хрватска до сега заразени се 2.243 од 60.864 тестирани, на респиратор се 6 пациенти, а починати се 99. Активни се уште 121 случаи.

Во СЛовенија пак веќе втор ден нема новозаразени и жртви.

Вчера се пуштени дома двајца пациенти, додека на лекување се уште 19 пациенти, од кои четворица на интензивна нега, пренесе СТА:

Вчера во Словенија биле направени 677 тестови, а вкупно од почетокот на пандемијата 74.419. До сега потврдени се 1.468, а од болница до сега се пуштени 280 пациенти.