Во Хрватска двојно повеќе новозаболени од вчера, дури 3.217


 

Денеска во Хрватска се регистрирани 3.217 нови случаи, а тестирани се 11.216 луѓе. Бројот на активни изнесува 12.767.

Од нив 1.756 пациенти се на болничко лекување, а 171 на респиратор.

Починаа 36 лица.

Вчера во Хрватска имаше 1.649 нови случаи, што е помалку од очекуваното затоа што се работеше за првиот работен ден по празниците. Но, денеска бројките скокнаа.

Минатиот четврток имаше речиси илјада случаи помалку, односно 2.422.

Денешните бројки на новозаразени даваат удел на позитивните од тестираните од 28 отсто.