Во Хрватска денеска починаа 73 пациенти со Ковис-19, заразени уште 2.360

 

Во Хрватска денеска се регистрирани нови 2.360 случаи со зараза од корона вирусот, а активни се 21.861.

Меѓу нив 2.897 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 304 пациенти.

Починаа 73 пациенти или вкупно 2.778.

Досега во Хрватска се забележани 179.718 заразени лица со корона вирус. Оздравеа 155.079 лица, а 3.195 во последните 24 часа.

Тестирани се вкупно 896.828 лица, а 8.748 во последните 24 часа.