Во Хрватска денеска починаа 14 пациенти со Ковид-19


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 264 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни се искачи на 7.518. Од нив 695 пациенти се лекуваат во болница, а 85 се на респиратор.

Во истиот период починале 14 пациенти од последиците на Ковид-19.

Досега во хрватска поради Ковид-19 починаа 8.514 луше, се заразија 392.248, а оздравеа 376.216 лица.

До вчера вакцинирани се 43,93 отсто од вкупното население или 49,50 отсто од возрасните.