Во Хрватска бројот на починати од Ковид-19 надмина 12.000


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.803 нови случаи на зараза со корона вирус, а активни се 19.477, објави Кризниот штаб.

Меѓу нив 2.148 пацинети се на болничко лекување, а на респиратор 263 пациенти.

Починаа уште 47 пациенти или вкупно 12.090. На почетокот на декември бројот починати од ковид-19 во хрватска надмина 11.000, а за само две недели го надминаа и прагот од 12.000.

Досега од кроона вирус заболеле 678.533.

Во Хрватска вакцинирани се 55,31 отсто од вкупното население.